Унгарецот Иштван Кирали кој изминативе две години ја водеше европската ВАКО федерација, повторно е избран за прв човек на европската кикбокс федерација на Собранието на ВАКО Европа кое се одржа викендов во Будимпешта за време на Светскиот куп во кикбокс.
На Собранието со право на глас присуствуваше и гласаше и претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, м-р. Дејан Митровски-Урко придружуван од генералниот секретар на КМФМ, Драган Атанасовски.
Иштван Кирали е едногласно избран за нов претседател како резултат на исклучително позитивното досегашно водење на Европската WАКО федерација откако е вршител на должноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА