Ракометната репрезентација на Унгарија ја совлада Словенија со 29-25 во натпревар од последното 3. коло во главната групна фаза во сегментот 1 и со тоа ги уништи надежите на Словенија за пласман во полуфиналето и ја испрати Данска во полуфиналето на сметка на репрезентацијата на Шведска.
По израмнетото прво полувреме, Унгарките одиграа на ниво во вториот дел и на крајот стигнаа до конечен триумф од 29-25. Катрина Клајбер со девет гола беше најдобра кај победникот, а кај поразените Ана Грос заврши со шест гола.
Во групата во Скопје, Германките славеа над Романија со 32-28 и си тоа барем засега се наоѓаат на третото место на табелата кое води во мечот за 5. место на шампионатот. Јохана Штокледер со 10 погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа седумте погодоци на Кристина Неагу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА