Унгарија и Франција ќе ги одмерат силите во големото финале од Светското првенство за ракометарки до 20 години што во изминатите десет дена се одржува во Скопје.
Унгарките по голема борба славеа во полуфиналната пресметка со Холандија со резултат 28-24, и тоа откако „лалињата“ по првото полувреме имаа предност од 12-15. Во вториот дел блесна унгарската голманка Клара Зај, која го донесе големиот пресврт, Холанѓанките постигнаа само девет гола во вторите 30 минути и го загубија овој драматичен натпревар.
Франција во второто полуфинале ја совлада селекцијата на Данска со 32-26, меч во кој Французинките доминираа од самиот почеток, а скандинавската селекција во ниту еден момент немаше контрола над резултатот. Данките на одмор заминаа со два гола негатива (16-14), парирајќи само до 40. минута кога Франција успеа целосно да се одлепи и да си го визира билетот за финалето.
Големото финале меѓу Франција и Унгарија на програмата е в недела со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
За потсетување, македонската репрезентација го освои 16. место на овој шампионат откако нашите млади ракометарки денеска во својот последен меч на СП загубија од Кина со резултат 23-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА