Унгарија остана без селектор

Унгарската фудбалска репрезентација остана без селектор по неуспешните квалификации за СП 2018 во Русија. Германскиот стратег Бернд Шторк го напушти кормилото, откако не успеа да ја одведе оваа селекција на мундијалот.

Унгарија го освои третото место во групата Б со 13 бода, 14 помалку од Португалија и Швајцарија. Унгарците на десетте квалификациски натпревари забележаа пет порази.

Унгарија под водство на Шторк минатата година играше на Европското првенство во Франција, што беше прв настап на едно големо натпреварување по пауза од 44 години и учеството на мундијалот во Мексико во 1986 година. На ЕП стигнаа до осминафиналето, каде загубија убедливо од Белгија со 0-4.

 

Се вчитува...