Еден од противниците на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2027 година во Катар, Унгарија вечерва беше поразена од Хрватска во пријателски натпревар со 85-65.
Унгарците подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 20-28. Хрватите во вториот период на противникот му дозволија само шест поени па на пауза заминаа со позитива од еден поен 35-34.
Во вториот дел сите конци ги влечеа Хрватите кои на крајот стигнаа до сигурна победа од 85-65.
Македонија квалификациите ги почнува со домашен меч против Романија во сабота во Куманово, по што следува гостувањето кај Унгарија на 9. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

