Репрезентацијата на Унгарија е нов светски шампион во ватерполо.
Унгарците по вистинска драма и седум пенал-серии славеа против Грција во финалето за освојување на светската ватерполо круна.
Финалето во регуларниот дел од мечот заврши без победник, 10-10, а потоа по пеналите Унгарците славеа со 4-3.
Унгарија константно во текот на целото финале беше во предност која ја стекна во првиот период добивајќи го со 4-2. Но, Грците трпеливо успеаја да дојдат до 10-10 на крајот, за сепак да загубат во пенал-серијата.
Ова е четврта светска шампионска титула за Унгарија во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

