Бугарската репрезентација беше блиску да дојде до првата победа во квалификациите, откако на домашен терен без публика ја водеше против Унгарија 2-1, но во финишот Унгарците обезбедија бод и така заверија пласман на Европското првенство идната година.
Во меч во кој имаше два црвени картони, Унгарија прва поведе со голот на Адам во 10. минута од средбата, а Спас Делев во 24. минута успеа да израмни. Во 37. минута Антов доби исклучување, а кај Унгарците Керкез заработи исклучување.
Во израмнети сили, Десподов од пенал во 79. минута донесе предност, но Унгарија со автоголот на Петков дојде до 2-2 во седмата минута од судиското надополнување за голема радост и заверен пласман на ЕП.
Шведска нема да го види ЕВРО 2024 година, продолжувајќи со катастрофалните резултати во квалификациите. Швеѓаните беа поразени на гостувањето кај Азербејџан со убедливи 3-0. Стрелци на головите беа Махмудов два пати и Дадашов.
Шпанија дојде до победа на гостувањето на Кипар со 1-3, и така се наоѓа блиску до првото место на табелата во групата, каде што е и Шкотска која одигра 2-2 против Грузија. Шпанците стигнаа до победата уште по 28 минути игра кога водеа 0-3 благодарение на головите на Јамал, Ојарзабал и Хозелу. Кипар само намали преку Пилеас.
Австрија, која веќе има обезбедно пласман на ЕВРО, ја победи Естонија со 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА