Унгарија во 92. минута до ЕВРО, Србија-Шкотска и Северна Ирска – Словачка одат во продолженија (ВИДЕО)

Унгарија во 92. минута стигна до победа и пласман меѓу 24 најдобри селекции на стариот континет, откако по пресврт славеше над Исланд со 2-1.

Исланѓаните поведоа во 11. минута со голот на Сигурдсон. Сепак со фуриозна завршница и головите на Него во 88. и Шобошлаи во 92. Унгарците успеаја да забележат уште едно учество на големите натпреварувања.

Во останатите два натпревари ќе се играат продолженија откако регуларните делови на мечевите меѓу Србија-Шкотска и Северна Ирска Словачка завршија 1-1.

 

Се вчитува...