Во крајно интересен натпревар Унгарија по изведување на пенали ја совлада Србија со 15-14 и со тоа се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо кое се одржува во Хрватска.
Во регуларниот дел од натпреварот буквално двете репрезентации играа цело време гол за гол, а по 32 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 10-10 па одлучувањето на победникот по изведување на пенали беше и најреален исход. Таму, Радуловиќ кој мечот го заврши со 0 од 5 беше трагичар за репрезентацијата на Србија која загуби со 5-4.
Во останатите четвртфинални мечеви се среќаваат: Шпанија – Романија, Хрватска – Грција и Италија – Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

