Унгарската екипа Фехервар, за која до неодамна настапуваше Никола Серафимов, а во минатото и Бобан Николов, одново го смени своето име.
Во иднина овој тим ќе се вика Видеотон Фехервар. Тимот повторно го смени името, што го прави често во послендите десет години. Оваа екипа се викаше само Видеотон, а во еден момент и Мол Види. Потоа исто така се нарекуваше Мол Фехервар, па само Фехервар.
Екипата испадна од првата лига на Унгарија, и во следната ќе се натпреварува во пониската лига. Тоа значи дека сите странци ќе може да си заминат од клубот, меѓу кои и Серафимов, кој летово ќе бара нова средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

