Репрезентацијата на Унгарија цврсто чекори кон пласман на Европското првенство 2024 откако во Групата Г славеше во дерби пресметката на 4. коло на гостувањето против Србија во Белград.
Унгарците, во меч во кој се беше решено во првото полувреме, триумфираа со 1-2 против фаворизираната Србија.
Србите одлично го почнаа мечот поведувајќи уште во 10. минута со автоголот на Салаи.
Но, за само две минути потоа следеше потоп на домашната репрезентација. Во 34. минута Варга израмни на 1-1, а во 36. минута Орбан успеа да донесе целосен пресврт.
Во второто полувреме континуирани беа обидите на Србија за израмнување, но не успеаја да погодат ниту Митровиќ, ниту Влаховиќ, ниту останатите српски репрезентативци.
Во Групата Б, две очекувани победи на фаворитите. Франција без проблеми со 2-0 славеше против Република Ирска со головите на Чуамени во 19. минута и Турам во 48. минута од средбата.
Холандија, пак, уште поубедливо со 3-0 со трите гола уште во првото полувреме на Де Рун, Гакпо и Вегхорст.
Во Групата Е, Чешка и Албанија одиграа без победник (1-1), а Полска триумфираше против Фарските острови, со 2-0, со два гола на Левандовски во второто полувреме.
Во Групата Х, Словенија со 4-2 триумфираше против Северна Ирска, а Данска сосема очекувано убедливо со 4-0 го победи Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА