Хрватскиот ракометен репрезентативен голман Марин Шего од следната сезона би можел да се пресели во РК Вардар, тврдат унгарските медиуми. Тој сигурно ќе си замине од ПИК Сегед, со оглед дека на лето во клубот доаѓа Роланд Миклер.
Вардар во моментов има четворица голмани, Дејан Милосављев, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ и Даниел Ѓорѓески, кој е повреден, но Марин Шего секако би ја зголемил конкуренцијата и би донел нов квалитет во составот на Парондо.
Шего се наоѓа и на списокот на селекторот Лино Червар за настап на Мундијалот во Германија и Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

