Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20:30 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје ја очекува вториот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2019.
По извонредната победа на стартот против Унгарија во Будимпешта, сега избраниците на Никола Матијашевиќ дополнително мотивирани пристапуваат на мечот пред домашните навивачи во желбата за нов триумф, овој пат против фаворитот Украина, со кој многу би ни се зголемиле шансите за пласман на ЕП.
„Во Будимпешта имавме осцилации во играта, но на крајот е важна само победата. Сепак, треба да останеме смирени, и со иста желба и жар да настапиме против Украина. Ќе биде навистина тешко, но посакуваме секако со голема поддршка од трибините во Скопје да дојдеме до нова победа“ – вели Матијашевиќ.
А, додека ние комплетно се фокусираме на дуелот со Украина, унгарските медиуми се уште на големо се „оптоваруваат“ со потегот на Филип Деспотовски во петтиот сет од мечот со Унгарија кој можеби пресуди за наш триумф.
И три дена по натпреварот унгарските медиуми постојано го повторуваат потегот на Деспотовски кога ја повлече мрежата при еден напад на Унгарците, а судиите тоа не го приметија досудувајќи поен за Македонија. Во продолжението на тој поен македонската селекција го освои петтиот сет и победи со 3-2 против Унгарија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА