Репрезентацијата на Унгарија влезе во победнички ритам на пет дена до почетокот на СП 2025, откако нашиот прв противник во Вараждин успеа да триумфира на контролниот дуел со Србија.
Откако првата пресметка меѓу овие две селекции заврши без победник (31-31), Унгарците денеска беше подобра од нашиот северен сосед, триумфирајќи со резултат 28-23. Во главна улога беа унгарските голмани, кои блескаа во текот на 60-те минути и му помогнаа на својот национален тим да стигне до победата. Унгарците имаа контрола над резултатот уште во првото полувреме, на одмор заминаа со водство од седум гола (15-8).
Удобното водство придонесе да дојде до мало опуштање во унгарскиот табор, Србија ја преполови негативата, но домашниот состав рутински го приведе мечот до крај, славејќи со конечни „плус пет“.
Македонија и Унгарија ќе ги одмерат силите во рамките од првото коло од СП 2025, во групата што ќе се игра во Вараждин, на 15 јануари (среда) со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА