Уникат: Член на Борусија М. за една година играше за Косово, Албанија и Македонија

Младиот фудбалер Шабан Зенку, кој настапува за младинскиот тим на Борусија Менхенгладбах е уникат во денешниот фудбал. Тој за една година смени три репрезентации, и одигра за Косово, за Албанија и последно за Македонија.

Фудбалерот од средниот ред е роден во Кичево во 2004 година. Очигледно има дилема за која репрезентација да настапи па се решил да ги прифати поканите од сите три. Најпрво играше за селекциите до 18 години за Косово и за Албанија, а потоа ја прифати и поканата од Македонија У-19. За нашата репрезентација постигна и гол.

Останува да се види за која селекција на крајот ќе игра Зенку, кој очигледно е еден од најголемите таленти на овие простори.

Се вчитува...