Уникатен предизвик за Ф1 возачите на патеката во Имола

Формула 1 викендот во Имола ќе биде поразличен од сите оние претходни актуелнава сезона. Тркачкиот викенд на Имола ќе трае два дена, што значи дека возачите пред квалификациите и трката ќе одработат само еден слободен тренинг како би се запознале со патеката.

Трката на патеката на Имола најпрво не беше планирана, но поради пандемијата на коронавирусот дополнително е уфрлена во календарот и ќе се вози како Голема награда на покраината Реџо Емилија.

Слободниот тренинг ќе трае 90 минути во сабота наутро, а квалификациите се закажани за сабота попладне, додека неделната трка ќе биде на 1. ноември од 15:10 часот.

Инаку, ќе биде тоа трета трка во низа во Италија откако во септември ќе се возат и трките на патеките во Монца и Муџело.

Се вчитува...