Кошаркарите на Црвена Звезда загубија убедливо со 78-98 на домашен терен во Белград од Уникс Казан во 12. коло од Евролигата.
За белграѓани ова беше осми пораз сезонава, наспроти пет победи, додека Уникс сега е со ефект од седум победи и пет порази и четврти едноподруго триумф во елитното европско клупско натпреварување.
Дуелот во салата „Александар Николиќ“ беше потполно атипичен за црвено-белите затоа што комплетно потфрлија во одбраната што е нивно најсилно оружје. Уште во првата четвртина Уникс поведе со 16-26, а потоа само рутински ја одржуваше и зголемуваше предноста до крајот на дуелот.
.@jstuntbrantley takes the baseline for the two-handed jam 💪@unicsbasket #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/ffQ6paSwEM
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА