Уникс Казањ на специфичен начин му посака добредојде на Нено Димитријевиќ (ВИДЕО)

Веднаш по завршувањето на репрезентативните обврски, најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ веќе пристигна во Казањ, Русија, каде престојнава сезона како позајмен кошаркар од Валенсија ќе настапува во дресот на Уникс.

Домаќините на специфичен начин на аеродромот во Казањ го пречекаа Димитријевиќ посакувајќи му добредојде.

„Сакам да му помогнам на тимот да оствари добри резултати оваа сезона. Многу сум среќен што сум тука, со нетрпение го очекувам мојот прв натпревар за клубот“ – истакна Димитријевиќ по пристигнувањето во Казањ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICS Kazan (@unicsbasket)

Ненад Димитијевиќ во новата сезона ќе го носи дресот на рускиот Уникс Казањ како позајмен играч. Од рускиот тим открија и колку ќе заработи нашиот интернационалец во сезоната помината во клубот од Казањ. Тој за една година помината во рускиот клуб ќе заработи 500.000 евра. Според договорот со Валенсија доколку останеше во клубот од шпанската лига тој сезонава ќе заработеше двојно помалку.

Се вчитува...