Уникс Казан на својата веб страница ја објави разделбата со Ненад Димитријевиќ, кој кариерата ќе ја продолжи во Милано.
Димитријевиќ настапуваше за Уникс во последните две сезони, а во изминатата беше прогласен за МВП во регуларниот дел на ВТБ Лигата во Русија.
„Му благодариме на Нено за неговата професионалност, и за неговата игра и му посакуваме успешно продолжување на кариерата! “, стои во објвата на Уникс.
„Ова беа две прекрасни години и за мене лично и за УНИКС. Многу ми е драго што заедно испишавме историја со освојувањето на титулата во ВТБ Лигата минатата сезона. Им благодарам на сите вработени во клубот, претседателот Евгениј Богачев, раководството, главниот тренер Велимир Перасовиќ, сите негови помошници, физиотерапевти, медицинскиот персонал и секако на нашите навивачи. Во текот на изминатите две сезони во Казан, развив многу посебни односи со многу луѓе кои ќе ги негувам во текот на мојот живот. Благодарам за се и среќно понатаму!“, рече Димитриевиќ на заминувањето од Уникс.
До крајот на денот се очекува да биде промовиран во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

