Уникс Казан поведе со 2-0 во серијата против Зенит во полуфиналето на рускиот плеј-оф, и така направија уште еден чекор кон големото финале.
Ненад Димитријевиќ и соиграчите благодарение на одличниот финиш, усепаја да победат со 68-59 на крајот. Последната четвртина кошаркарите на Уникс успеаја да ја завршат со предност од 10 разлика (23-13), што беше клучно за победата, со оглед дека во последниое период влегоа со негатива од -1.
Македонскиот кошаркар постигна 11 поени и имаше свој придонес во овој триумф. Во второто полуфиналето ЦСКА и Локомотив Кубан се во „егал“ 1-1. Ако таму ЦСКА оди во финалето, и Димитријевиќ успее да обезбеди битка за пехарот, ќе гледаме македонски дуел во битката за пехарот со оглед дека на клупата на ЦСКА седи Емил Рајковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА