Унион Берлин стави крај на серијата од четири натпревари без победа во германското првенство откако во 25. коло славеше на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт со 2-0. Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Кедира со гол во 53. минута донесе предност од 1-0, а победата ја осигура Беренс кој стрелаше во 75. минута.
Со тритте бода изненадувањето на сезоната ја продолжи битката самиот врв на табелата, додека и покрај поразот Франкфурт останува на позиција која води во Европа следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

