Унион Берлин испушти значајни бодови во битката за место во Лигата на Шампиони следната сезона откако во 28. коло од Бундеслигата ремизираше со 1-1 против Бохум.
Натпреварот го отвори Јурановиќ со фантастичен гол од слободен удар во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а изедначувањето го донесе Стогер во 55. минута. Во 61. минута домаќините остнааа и со играч помалку, а ВАР им поништи и гол во 64. минута.
И покрај ремито Унион Берлин останува на третата позиција на табелата со 52 освоени бода, еден повеќе од Лајпциг и два повеќе од Фрајбург. Денешниот бод е далеку позначаен за Бохум кој се бори за опстанок со 27 освоени бода, три повеќе од опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА