Унион Берлин се спаси во самиот финиш, Бохум во бараж, Келн и Дармштад во „Цвајти“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Унион Берлин се најголемиот среќник во последното коло во германската Бундеслига, откако на неверојатен начин успеаја да стигнат до сигурен опстанок во германскиот шампионат.

Тимот од главниот град на Германија славеше со 2-1 во неверојатен натпревар против Фрајбург кој почна со промашениот пенал на Јурановиќ во 38. минута. Водство за домаќините сепак, донесе Холербах во 68. минута, но гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Доан во 85. минута. У. Берлин доби нов пенал во 92. минута кој не успеа да го реализира Воланд, но топката се одби до Хаберер кој на крајот го постигна голот за 2-1 вреден опстанок.

Union Berlin [2]-1 Freiburg – Janik Haberer 90+3′
byu/suedney insoccer

Директен опстанок обезбеди и Мајнц кој славеше на гостувањето кај Волфсбург со 1-3. Во баражот ќе игра Бохум кој беше поразен од Вердер со 4-1, а во „Цвајти“ следната сезона се Дармштад кој веќе одамна беше отпишан, како и Келн кој денеска загуби од Хајденхајм со 4-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...