Унион Берлин со прва победа во 2025 година

После серијата од три порази, Унион Берлин го победи тимот на Мајнц со 2-1 во 18. коло во Бундеслигата. За Унион ова беше првата победа во 2025 година, додека Мајнц го претрпе вторипот пораз по ред, откако пред неколку дена загуби од шампионот Баер Леверкузен.

Холербах со 1. минута од средбата донесе предност, а во петата минута беше веќе 1-1 откако Амири од белата точка донесе израмнување.

Сков во 24. минута од средбата успеа да донесе нова предност за Унион, која беше задржана до крајот на мечот.

Се вчитува...