Се одиграа првите натпревари од 5. коло во групната фаза во Лигата на шампионите. Се случи големо изненадување во Истанбул, каде што домашниот тим на Галатасарај загуби од белгиски Унион со минимални 0-1. Ајакс им приреди ново разочарување на своите фанови, и на домашен терен загуби од Бенфика, останувајќи без ниту еден бод во ЛШ.
Галатасарај ја имаше иницијативата, но тешко доаѓаше до прилика за гол. Во 27. минута домашниот тим ја погоди стативата, а Ројал врати со иста мера откако во 41. минута ја погоди пречката.
Моментот на одлука се случи во 57. минута. Акција од десната страна преку Зоргане кој додаде до Дејвид, кој го совлада Угурчан за предност. До крајот на мечот Галата не успеа да дојде до израмнување, напротив, Унион во последните мигови имаше прилика за 0-2, но не ја искористи.
Бенфика предводена од Мурињо, стигна само до првата победа во Лигата на шампионите. Лесно се справија со Ајакс, последнопласираниот тим на табелата. Првиот гол го постигна Дал откако ја „заби“ топката во мрежата на домашните по изведен корнер и еден отпадок. Конечните 2-0 ги постави Бариеро по една одлична акција и завршница во 90. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

