Уништениот Грилиш испратил порака до репрезентативните колеги откако беше избришан од Саутгејт

Џек Грилиш нема да настапи на Европско првенство во дресот на Англија, откако беше избришан од селекторот Герет Саутгејт при финалното соопштување на дефинитивниот список за ЕВРО 2024.

Бришењето на Грилиш предизвика изненадување на Островот. Поголемиот дел од јавноста не може да разбере зошто Саутгејт се откажа од ѕвездата на Манчестер сити.

Фудбалерот на Арсенал, Рајс, откри дека Грилиш испратил порака до репрезентативните соиграчи веднаш откако дознал дека нема да биде на списокот на Саутгејт за Германија.

„Џек Грилиш и Џејмс Медисон се мои најдобри пријатели во репрезентацијата. Мора да кажам дека и двајцата се уништени. Никој не беше среќен од вестите кои беа соопштени. Беа навистина уништени, но истовремено и позитивни пред групата. Грилиш ни испрати порака во групите кои ги имаме, посакувајќи ни среќа на Европското првенство. Беше навистина позитивен иако е јасно дека е целосно скршен што не се најде на репрезентативниот список“ – открива Рајс.

Се вчитува...