Младинската школа на КК Работнички денеска потпиша Меморандум за соработка со Универзитет Скопје, еден од најпрестижните домашни универзитети.
Согласно Меморандумот за соработка, кој го потпишаа ректорот на Универзитет Скопје, проф.д-р Аце Миленковски и директорот на младинската школа на КК Работнички, Бранко Радевски, предвидена силна поддршка за најмладите кошаркари на клубот, со што дополнително би се засилил и развојот на домашната младинска кошарка.
„Горди сме затоа што веруваме дека со нашата поддршка, отвораме ново поглавје во развојот на најперспективната кошаркарска школа за млади во Македонија! Возбудени сме затоа што знаеме дека кога ќе се здружат непоколебливоста на Младинската школа на КК Работнички и иновативноста на Универзитетот Скопје – не може да се очекува ништо друго освен светски успех на младите кошаркарски таленти од Македонија! Посветени сме да инвестираме во соништата на младите затоа што веруваме дека победничкиот дух се кали од најмали нозе, а победите ни се потребни за да не заборавиме кои сме“ – истакна ректорот на Универзитет Скопје, проф.д-р Аце Миленковски, по официјалното потпишување на Меморандумот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА