УО на РФМ: Миркуловски селектор, премии за А-селекцијата…

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија ја одржа првата седница во 2026 година, на која беа донесени неколку значајни одлуки.

„Куќата на ракометот“ го верификуваше новиот тригодишен договор потпишан со селекторот Кире Лазаров, воедно потврдувајќи и дека ќе биде исплатена премијата од два милиони денари за машката ракометна репрезентација по добриот настап на ЕП 2026 во Хернинг, Данска.

Формирани беа и две нови селекции во младинските категории, во М13 и М15 репрезентациите, за селектор на М-15 селекцијата именуван е Никола Матлиески, додека М13 селекцијата ќе ја води легендата на македонскиот ракомет, Филип Миркуловски.

Ракометната Федерација на Македонија ја потврди и преселбата во нови простории, во дел од спортскиот центар „Јане Сандански“. Како што информира претседателот Стефанов, планот за постоечкиот простор во трговскиот центар „Скопјанка“ е овој простор да се изреновира и во иднина да биде користен како сместувачки капацитети за нашите млади селекции.

Александар Стефанов потврди и дека се почнати разговорите за формирање на регионална лига во машка и во женска конкуренција во која во прв момент би учествувале клубови од Македонија, Србија и од Црна Гора. Формирано беше координативно тело во кое изгласани беа Гордана Нацева од ЖРК Вардар, Зоран Стерјев од Е. Пелистер и Дарко Нанoв од РК Алкалоид.

Се вчитува...