Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на вчерашната своја седница разгледа повеќе теми поврзани со организацијата и координацијата на претстојните натпреварувачки обврски, програмите за развој и промоција на ракометот, како и активностите кои следуваат во наредниот период на националните селекции.
Како што информираат од РФМ, изнесени се предлози и насоки за унапредување на работата на федерацијата, со фокус на подобра организација, поддршка на клубовите и континуитет во развојот на репрезентативните селекции.

„Ракометната федерација на Македонија продолжува со посветена работа на реализација на планираните активности, со цел унапредување и развој на ракометот во државата“ – информираат од РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

