„Упад“ на Мурињо: Јунајтед нуди 25 милиони фунти плус Мхитаријан за Санчез

Манчестер јунајтед во последен момент ќе се обиде да го украде Алексис Санчез од рацете на Пеп Гвардиола нудејќи на Арсенал 25 милиони фунти (пет милиони повеќе од Сити) и плус Хенрик Мхитаријан.

Санчез наводно ги договорил условите со „граѓаните“ за преселба на „Етихад“, 250.000 фунти неделна плата, останува Арсенал да одлучи дали ќе го пушти во јануари и ќе заработи 20 милиони фунти, или ќе го задржи до крајот на сезоната и ќе го пушти како слободен играч. Но, сега плановите се менуваат бидејќи Јунајтед испрати подобра понуда која му одговара на Венгер, клубот би заработил повеќе, а би добил и квалитетен фудбалер кој може да го пополни местото на Чилеанецот.

Единствениот проблем на „топчиите“ е големата плата на Мхитаријан, која изнесува 200.000 фунти, сума која Венгер не сакаше да ја даде ниту на Озил, ниту на Санчез за обновување на договорите (причината поради која и двајцата сакаат да си заминат).

Секако, последниот збор го има Санчез, знаејќи дека веќе се согласил да се пресели на „Етихад“, тој би можел да ја одбие понудата од „црвените ѓаволи“ за повторно да соработува во шпанскиот стратег, а секако треба да се наведе дека ќе има големи шанси да ја освои Премиер – лигата знаејќи дека Сити е во предност од 15 поени во однос на второпласираниот Јунајтед.

Се вчитува...