Упамекано донесе одлука и стави крај на драмата

Францускиот стопер Дајо Упамекано стави крај на драмата одлучувајќи се да ги прафати условите на Баерн Минхен за продолжување на договорот.

Раководството на германскиот бундеслигаш и фудбалерот веќе подолго време преговараа за продолжување на соработката, но пречка за подавање на рака беа финансиските услови, пречка која сега е надмината.

Упамекано е дел од Баерн Минхен од 2021 година наметнувајќи се како еден од стандардните првотимци во составот.

Се вчитува...