Упамекано ќе биде подготвен за реваншот против Интер?

Стоперот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано направи значаен исчекор по сериозната повреда на коленото на левата нога и го одработи својот прв тренинг по речиси тринеделна пауза.

Упамекано се повреди на 23. март на мечот на француската репрезентација против Хрватска во четвртфиналето во Лигата на нации, а првата прогноза беше дека ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Сепак, 26-годишниот дефанзивец почна да тренира многу порано од очекуваното, а на веб-страницата на Баварците беше објавено дека тој го одработил тренингот во висока брзина.

Секако, не е прецизирано дали би можел да биде подготвен до следната среда и реваншот во Милано против Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но од медицинскиот тим на Баварците се надеваат дека тој ќе може да настапи на овој меч.

За потсетување Интер синоќа славеше со 1-2 на „Алијанц арената“ во Минхен.

Се вчитува...