Упамекано: Минатата сезона беше неуспешна за тим како што е Баерн Минхен

Фудбалерот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, за Билд изјави дека новиот тренер на Баварците, Винсент Компани, донел голема промена во тимот кој остана без ниту еден трофеј претходната сезона.

Неуспехот го плати поранешниот тренер Томас Тухел. Сегашниот селектор на Англија на „Алијанц Арена“ го замени поранешниот менаџер на Андерлехт и Барнли, Винсент Компани.

„Претходната сезона беше лоша за Баерн, а и јас лично не блескав. Најважно е што сега сме во многу подобра позиција и имаме многу добар тренер. Имав многу разговори со него. Тоа ми помага и презадоволен сум од нашата соработка“, изјави Упамекано

Се вчитува...