Управниот одбор на ФФМ менуваше селектори, а го утврди и предлог буџетот за 2019 година

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница го именуваше поранешниот фудбалер на кичевски Напредок, Шкумбин Арслани за нов селектор на репрезентацијата до 18 години. Арслани доаѓа на местото на Марио Вујовиќ кој досега ја предводеше оваа селекција.

Покрај тоа, УО на ФФМ го назначи Зоран Лекиќ за селектор на футсал репрезентацијата на Македонија до 19 година. За асистент во футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години е назначен Марјан Стефановски.

Управниот одбор назначи главни и помошни тренери во спортската академија за градовите Скопје,  Тетово, Гостивар, Охрид, Битола,  Прилеп, Струмица, Штип и Велес.

На денешниот состанок Управниот одбор на ФФМ го утврди предлог буџетот на Фудбалската федерација на Македонија за 2019 година.

Се вчитува...