„Урлав на Меси дека е ку.вин син по она што му го направи на Гвардиол“

Аргентинецот Алексис МекАлистер беше едно од освежувањата на репрезентацијата на Светското првенство во Катар.

Во интервју за „ТиCи Спорт“, фудбалерот од средниот ред на Брајтон се потсети на полуфиналната победа над Хрватска од 3-0 и ситуацијата кога Лионел Меси си поигра со Јошко Гвардиол.

„По мечот потрчав веднаш кон Меси, Алварез не го ни погледнав. Ви се колнам не можев да верувам што му направи на Гвардиол. Дојдов до Меси и урлав на него: ‘Ти си еден ку.вин син“. Па, Гвардиол е еден од најбараните играчи на европскиот пазар, сите му најавуваат иден голем клуб, силен е, млад, а Меси си поигра на таков начин испраќајќи го на прошетка“ – се потсетува МекАлистер и дополнува:

„Воопшто не се сомневам дека Меси и во својата 40-та или 45-та година ќе биде најдобар на светот. Таков професионалец не сте виделе. Во совршена физичка форма е, и уште долго може да игра. Што е најважно се му е подредено во главата. Ние останатите негови соиграчи немаме никаков проблем да трчаме по него“.

Се вчитува...