Урнат светски рекорд стар 16 години – Далила Мухамад ја испрати Јулија Печонкина во историјата

Олимписката шампионка, Далила Мухамад го урна 16 години стариот светски рекорд на 400 метри со пречки. На државното првенство на САД, таа го подобри стариот најдобар резултат во светот за 14 стоинки. Новото најдобро време сега е 52.30. Претходниот рекорд и припаѓаше на Русинката Јулија Печонкина и беше поставен во 2003 година.

„Шокирана сум. го имам овој резултат и на тренинзите, но тренерот ми велеше дека немам шанса да го направам ова. Мислам дека овој рекорд нема да трае колку поретходниот. Можеби не јас, но некоја друга девојка ќе ја урне бариерата од 52 секунди“ – изјави Мохамад.

Тинејџерката Сидни Меклохлин го зазеде вторто место, а трет резултат имаше Ешли Спенсер и таа последната која обезбеди место на светското првенство во Доха. Кори Картер не учествуваше  на државното првенство, но има пласман на Шампионатот како бранителка на светската титула.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...