Урната статуата на Ибрахимовиќ во Малме (ФОТО)

Само неколку месеци издржа статуата на Златан Ибрахимовиќ поставена во родниот град Малме, откако шведските хулигани ја урнаа како одговор до голгетерот и неговата одлука да стане косопственик во Хамарби, наместо да инвестира во тимот на Малме. Изработката и поставувањето на статуата ги плати Шведската Фудбалска Федерација, а склуптурата тежеше околу 500 килограми.

Откако беше обелоденето влегувањето на Златан во инвеститорскиот тим во Хамарби, цената ја плаќаше неговата статуа. Најпрвин на неа беше поставена даска за ВЦ-шолја, а нешто подоцна беше обоена во бело, но и беше скинат носот од лицето на Ибракадабра.

Во текот на изминатата ноќ вандалите повторно стапија сцена, овојпат уривајќи го целосно ремек-делото во чест на прославениот шведски фудбалер.

Се вчитува...