Урнебес: Судија како голман – спаси гол па „се правеше на Тошо“ (ВИДЕО)

Комична ситуација доаѓа од мексичката лига каде судијата Оскар Мацијас постана хит на социјалните мрежи откако на натпреварот помеѓу Круз Азул и Толука во 36. минута од средбата при водство од 2-0 за домаќините спаси чист гол и шанса за решавање на натпреварот.

Во самата акција, фудблаерот на Круз Азул го заобиколи голманот, но ја погоди стативата по што одбиената топка заврши кај неговиот соиграч. Овој шутираше кон празниот гол, но при ударот судијата се најде на патот и попречи гол. Играчите на домашниот состав во неверица се бунеа за шанста, а Мацијас мртов-ладен се правеше дека ништо не се случило.

За болката да биде поголема, гостите до полувремето успеаја да го изедначат резултатот со голови во 44. и 47. минута, но домаќините ја вратија предноста и ги поставија конечните 3-2 во 63. минута.

 

Се вчитува...