Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари изведе смешен маневар за да ги избегне навивачите пред тренинг центарот на Реал Мадрид утрото по елиминацијата од Барселона во полуфиналето од Купот на кралот.
Тој го напушташе паркингот за играчите и тренерите, но се предомисли кога виде дека пред капијата чекаат навивачи и медиуми. За да не се сретне со новинарите, а особено не со незадоволните навивачи, Солари си се врати од каде што тргна, но моментот беше забележан од камерите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА