Австралиската ТВ репортерка Даника Мејсон, успеа да го привлече вниманието од целата светска јавност со своето известување во живо од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Мејсон имаше крајно необично јавување во утринската програма на нејзината телевизија, пијана не можејќи чисто да зборува а потоа во еден момент на изненадување и на нејзините колеги, но и на гледачите одеднаш фрлајќи се и тркалајќи во снегот.
А, при самото јавување зборуваше неповрзано….
„Цената на кафето е всушност во ред… Мора да се навикнеме на цените на кафето во Соединетите Американски Држави… Не сум сигурна за игуаните? Каде води ова? Како и да е, да преминеме на денешниот спорт бидејќи има многу работи што се случуваат дома“ – известуваше Мејсон, притоа мешајќи ги САД со Велика Британија.
Ден подоцна Мејсон самата призна дека направила грешка бидејќи консумирала алкохол пред да се вклучи во програмата. Таа во искреното признание ден подоцна кажа дека очигледно не и годи комбинацијата од алкохол, голема надморска височина, студ и фактот дека претходно не вечерала.
Интересно, водителот на емисијата „Денес“, Карл Стефанович се обиде да ја оправда со екстремниот студ во Кортина. Но, се беше јасно!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

