Поради инциденти на претходните натпревари на својот тим, УЕФА се одлучи да ја затвори трибината на најжестоките навивачи на Легија Варшава на синоќешниот натпревар во Конференциската лига против норвешки Молде.
Но, и покрај обидите да ги смири едни од најозлогласените навивачи во Европа, УЕФА само доби одговор дека навивачите на Легија Варшава едноставно се ненадминливи кога се во прашање нивните сценографии.
Па, синоќа иако навидум го „признаа“ поразот од УЕФА со транспарент на затворената трибини „УЕФА овој пат ти победи“, непосредно пред стартот на натпреварот презентираа нова сценографија на централната трибина на стадионот во Варшава појавувајќи се со урнебесна идеја како „поздрав за УЕФА“ дека, сепак, се тука присутни…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

