Урнебесно видео: Навивач влета на терен, за да го учи голманот како се брани

Фудбалот е религија во Бразил, па дури и на средби од четвртата лига како онаа меѓу АСА и Санта Круз трибините на стадионите се преполни.

Домаќините славеа со 2-1, а гостинските фанови беа бесни на голманското издание, па еден од нив влета на терен. Но немаше инцидент ниту посериозен конфликт, човекот само реши да му покаже на својот голман што треба да прави, со паради во празниот шеснаесетник.

На крајот, тој со полициска придружба го напушти стадионот, но доби и бројни аплаузи пред се од гостинските навивачи.

Се вчитува...