Урон Алили од Њу Старс потпиша за албански Елбасан (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Њу Старс од Скопје продолжува со промоцијата на младите фудбалери од својата школа и во интернационални рамки, реализирајќи први нивни трансфери надвор од домашната фудбалска сцена.

И 18-годишниот Урон Алили, кој потекнува токму од школата на Њу Старс, стартува своја интернационална кариера потпишувајќи за албанскиот прволигаш Елбасан. Алили е член и на младите репрезентативни категории на Македонија.

Претходно, како што е познато, и Тома Георгиевски од Њу Старс се пресели во италијанска Џенова каде ја продолжи својата кариера.

Се вчитува...