Урош Луковиќ МВП на 13. коло во Првата лига

Вториот круг од натпреварите во календарската 2026 година покажа дека најголем дел од играчите подготвено ги дочекаа предизвиците во вториот дел од сезоната…

УРОШ ЛУКОВИЌ (МКК КУМАНОВО)

Голем беше придонесот на високиот центар во играта на кумановци, но тоа се покажа како недоволно за крајната тимска цел – победата на гостувањето во Маџари.

За 35:30 минути во игра, реализираше уште еден дабл-дабл. Постигна 25.поени, со неверојатен процент на реализација во обидите за два поени (11/12), дополнети со уште три реализирани слободни фрлања (од четири обиди). Имаше и извонредни 19.скока (пет во фазата на нападот), но и три асистенции, три загубени топки, една блокада и една освоена топка, за 44.индексни поени, најмногу во ова коло.

ЛЕОНИД ТОДОРОВСКИ (ГОСТИВАР)

Гостиварци ја прекинаа серијата на неуспешни игри, дојдоа до планираните бодови на средбата со Ангели. А важна улога во играта на „сино-белите“ имаше крилниот центар.

За нешто повеќе од 21.минута во игра, реализираше 22.поени, со само еден нереализиран обид во шутот за два поени (10/11), додаде и два поени од линијата за слободни фрлања, но и 11.скока (пет од нив беа офанзивни). Имаше и една асистенција и една освоена топка, што во крајниот збир му донесе 32.индекс-поени.

ЏЕЈЛИН БИЛИНГСЛИ (ЧАИР 2030)

Стандардно добра игра, но без конечен ефект на средбата со Пелистер. Ги одигра скоро сите 45 минути, во кои оствари нов двоен учинок. Реализираше 29.поени, со висок процент во обидите за два поени (11/15), солиден од линијата за слободни фрлања (4/6). Постигна и една тројка (од осум обиди), а додаде и 12.скока (пет во нападот), четири освоени топки, две загубени, и една асистенција, за индекс 31.

РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Уште еден двоен ефект имаше високиот центар на Работнички, но тоа не се покажа како доволно за „црвено-белите“ да стават крај на серијата на порази.

Во дуелот со лидерот на табелата, реализираше 24.поени (10/19 во обидите по два поени и 4/9 од линијата за слободни фрлања), дополнети со 15.скока (пет во фазата на нападот), пет асистенции, три загубени топки, две блокади, и една освоена топка за 39. минути поминати во игра. И 30.индексни поени во крајниот индивидуален биланс.

ТЕРИ АРМСТРОНГ (МАЏАРИ)

Новакот во составот на Маџари покажа дека може да биде сериозно дополнение за вториот дел од сезоната. На средбата со МКК Куманово испорача 27.поени (10/15 во шутот за два, и 7/9 за еден поен). Додаде и по четири скока, четири асистенции, а имаше и три освоени топки, две загубени, и исто толку блокади. На крајот собра 30.индексни поени кои го ставаат во идеалните пет.

ПРВА ПЕТОРКА

Урош Луковиќ (МКК Куманово)

Леонид Тодоровски (Гостивар)

Џејлин Билингсли (Чаир 2030)

Роберт Рикиќ (Работнички)

Тери Армстронг (Маџари)

ВТОРА ПЕТОРКА

Џавон Грин (Маџари)

Никола Малешевиќ (Пелистер)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Рејмонд Сомервил (ТФТ)

Мухамед Тачи (Чаир 2030)

Се вчитува...