Новиот македонски кошаркарски прволигаш МКК Куманово ќе потпише договор со екстра засилување во името на Урош Луковиќ кој ќе треба да помогне во играта под кошевите.
Луковиќ се враќа во Куманово, но не во истиот клуб откако дел од КК Куманово беше од 2011 до 2013 година, како и во сезоните 2013-2014 и 2014-2015. Луковиќ во македонскиот шампионат ги бранеше и боите на: Кожув и МЗТ Скопје, а во кариерата играше и за ФМП, Раднички Баскет, Тарту, Партизан, Морнар, Задар, Ловчен, Металац.
МКК Куманово влегува во новата сезона со големи амбиции, а тимот ќе биде предводен од Марин Докузовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА