Урош Труфуновиќ во новата сезона повторно ќе биде дел од Евролигата откако српскиот репрезентативец официјално беше претставен како нов кошаркар на Макаби Тел Авив.
Во израелскиот тим кошаркарот кој може да ги покрива позициите два и три се сели од турски Тофаш каде ја помина претходната сезона. Претходно настапуваше за Партизан од 2018 до 2024 година со тоа што помина и две сезони на позајмица во Мега и Младост Земун.
כל הפרטים > https://t.co/vLkXhnnvp3 pic.twitter.com/deA0zTWxSr
— Maccabi Tel Aviv BC 🇮🇱 (@MaccabiTLVBC) August 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

