Уругвај го победи Бразил после 22 години, тешка повреда на Нејмар и „шоу“ на Меси (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Уругвај ја победи селекцијата на Бразил со 2-0 во четвртото коло во квлаификациите за Мундијалот 2026 година. Победата ја донесоа головите на Дарвин Нуњез во 42. минута односо Де Ла Курз во 77. минута.

Мечот го одбележа тешката повреда на Нејмар, кој е изнесен на носилки во солзи, и делува дека повредата е од сериозна природа. Првично страдаа неговите лигаменти, а прегледите ќе покажат колку ќе паузира. Бразилците најдобрата шанса ја имаа во 69. минута кога ја погодија пречката. Уругвај првпат после 22 години го совлада Бразил. Последен пат тоа им успеа во квалификациите за СП 2002 година.

Селекцијата на Аргентина ја продолжи одличната серија во квалификациите. Светскиот првак го совлада Перу со 0-2 на гостински терен, и дојде до четвртиот триумф од четири натпревари. Аргентинците повторно ја сочуваа мрежата. Лионел Меси ги постигна двата гола за гостите. Најпрво во 32. минута, а пред крајот на првиот дел го зголеми водството. Можеше да постигне и трет гол, но му беше поништен поради офсајд.

Во другите натпревари, Колумбија преку Диаз промаши пенал и одигра само 0-0 со Еквадор, додека Парагвај ја совлада Боливија со 1-0.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...