Уругвај и Јужна Кореја одиграа реми без голови

Првиот натпревар од групата „Х“ на Светското првенство во Катар во кој силите си ги одмерија Уругвај и Јужна Кореја заврши со реми без голови.

Во натпреварот без многу атракции Уругвајците беа поблиску до затресување на мрежата во првото полувреме преку Годин во 42. минута, но најголемите закани дојдоа на крајот на средбата. Валвереде со одличен удар надвор од шестнаесетникот прво ја затресе пречката во 90. минута, а веќе во следниот напад ударот на Сон заврши само сантиметри до стативата.

Се вчитува...