Уругвај – Јужна Кореја: Најнеатрактивниот натпревар на Светското првенство во Катар

Вториот натпревар од денешната богата програма на Светското пренство во Катар помеѓу Уругвај и Јужна Кореја ни ја донесе и најнеатрактивната средба на досегашниот дел од Мундијалот.

Уругвајците и Корејците ремизираа без голови во единствениот натпревар во кој не беше забележан удар кон противничкиот гол. Уругвајците преку Годин и Валверде два пати ја тресеа пречката, но не успеаја да упатат удар кој создаде големи проблеми за голманот Ким.

Се вчитува...