Уругвај со искусна репрезентација на СП во Катар

Луис Суарез и Единсон Кавани ќе ја предводат експедицијата на Уругвај на претстојниот Мундијал. Заедно со дуото во кое и двајцата имаат по 35 години, тука е и нивниот врсник Мартин Касерес, но и двајца една година постари – Диего Годин и Фернандо Муслера. За петмината ова ќе биде четврти настап на Мундијалите.

На списокот од 26 играчи, заедно со ветераните, се и играчите кои треба да бидат иднината на уругвајската репрезентација: Дарвин Нуњез, Федерико Валверде, Родриго Бентакур и Факундо Пелистери.

Можеби е малку изненадувачки што на списокот се најде и Роналд Араухо, кој беше опериран во септември, но Барселона и лекарите на клубот му дадоа дозвола да патува со националниот тим. Уругвајскиот фудбалски сојуз и Барселона постигнаа договор дека Араухо нема да игра додека лекарите на клубот не дадат зелено светло.

Еве ја целосната листа на Уругвај:

Голмани: Серхио Роше, Фернандо Муслера, Себастијан Соса

Дефанзивци: Хозе Луис Родригез, Гиљермо Варела, Роналд Араухо, Хозе Марија Хименез, Себастијан Коутс, Диего Годин, Мартин Касерес, Матиас Виња, Матиас Оливера

Среден ред: Матиас Векино, Родриго Бентакур, Федерико Валверде, Лукас Тореира, Мануел Угарте, Факундо Пелистри, Николас де ла Круз, Џорсијан де Араскета, Агустин Канобио, Факундо Торес

Напаѓачи: Дарвин Нуњез, Луис Суарез, Единсон Кавани, Максимилијано Гомез.

Уругвај ќе игра во групата Х заедно со Португалија, Гана и Јужна Кореја.

Се вчитува...